Научи да се заштитиш себеси
и твоите најблиски
Без појаси или кореографии. Со Т.А.О. методот ќе научиш да дејствуваш дури и кога напаѓачот е поголем, побрз, посилен и понепредвидлив од тебе.
или јави се директно на:
072-314-004

Лична порака од инструкторот Ѓорѓи…
За целта на Винг Чун – Кунг Фу „TAO” школата во Скопје
Не наследив боречки систем за да го копирам и да го пренесувам на ист начин.
Сè што предавам е нешто што прво самиот го имам тестирано и што работи против спремен и резистивен противник.
Постојат два главни типа на насилство
И тоа бара два сосема различни пристапи…
Социјално насилство
Овој вид насилство има предупредувачки знаци. Може да се избегне, да се преговара и да се запре пред физички напад.
Препознај и избегни, или деескалирај, или одбрани се ако е неизбежен физичкиот напад.
Антисоцијално насилство
Овој вид насилство нема предупредување и не може да се деескалира. Нема правила. Нема втора шанса.
Реагирај прв пред да биде предоцна и направи сè што е потребно за да преживееш.
Токму ова е разликата помеѓу боречки уметности (самоперфекција) и боречки вештини (самоодбрана).
Три TAO претпоставки за реалност
Сè што тренираме мора да функционира наспроти овие 3 претпоставки…

Поголем, посилен, побрз и понепредвидлив од тебе
Напаѓачот ги има сите физички предности…

Повеќе напаѓачи
… Има најмалку двајца напаѓачи…

Вооружени
… кои имаат некаков вид на оружје
Т.А.О. Метод
Го користиме овој тренинг метод наспроти 3-те ТАО претпоставки за реалност

ТАРГЕТИРАЈ
Таргетирај слаби точки…

АКЦИЈА / ДЕЈСТВУВАЈ
… Нападни со цела телесна тежина…

ОНЕСПОСОБИ
… Сè дур напаѓачот не е онеспособен
Зошто баш Wing Chun – Kung Fu “TAO” (Skopje) школата?
Што нè прави различни од било која друга школа за боречки вештини во Скопјe и Македонија…
Тапни на секоја од картичките за да дознаеш повеќе
Што велат моите ученици…
Како „ТАО“ школата во Дебар Маало, Скопје им има помогнато
“Одлично за учење дисциплина и стекнување самодоверба. Пред да вежбам Винг Чун се справував со тешкотии со самодоверба но и мирот. Од почетокот само се пријавив за да научам како да се одбранам физички, но при крајот на првиот месец научив дека Винг Чун не е само за борење туку и мир во самиот ум.”
“Почнав да одам на часови по самоодбрана во школата „ТАО“ во април и по само неколку тренинзи се чувствував многу побезбедно и посигурно додека се движам навечер сама. Ѓорѓи е многу упатен во Винг Чун-от и освен што нуди практични вежби и упатства, дава и историски контекст за тие што ги интересира. Трпеливо објаснува и ги повторува движењата додека потегот не стане разбирлив за сите. Отворен е за прашања, фидбек и критика, а целата филозофија на школата е дека секој човек и секоја ситуација ни се учители. Топло ја препорачувам за сите жени и девојки кои сакаат да се извештат во техниките за самоодбрана и да престанат да зависат од други за заштита. Никој не може да нè одбрани како што можеме да се одбраниме самите!”
“Кик-боксот беше моја опсесија, но Винг Чун вештината ме научи надворешната сила да ја поврзам со внатрешниот мир и да ја користам само во самоодбрана, па така сега поинаку гледам на работите и се трудам да избегнувам конфликти надвор. Го препорачувам на сите бидејќи Винг Чун-от го поврзува телото со умот и ги сплотува внатрешната и надворешната енергија”
“Great class! Teacher Gjorgji is highly knowledgeable, and an excellent instructor who matches with the level and energy of his students. Class is great learning, good practice, practical. Gjorgi is fluent in English and kind enough to switch language for the non-MK speakers. I find the classes a must do for any Wing Chun practitioners in Skopje and always start looking forward to the next session as soon as I leave the class.”
Што се случува на твојот прв бесплатен тренинг во „ТАО“
Дојди спремен со директни прашања и препушти се на процесот
Тапни на секоја од картичките за да дознаеш повеќе
Резервирај на
ЧПП
Корисни одговори на прашања кои мои ученици често ги поставуваат пред да дојдат на тренинг
Да, и не е битно дали имаш 20, 40, или 80 години. Повеќето од моите ученици немаат никакво искуство со боречки вештини кога почнуваат.
Тоа дури е и подобро бидејќи не мораш да се одвикнуваш од лоши навики доколку си вежбал сам или на погрешен начин.
Од друга страна, дури и да имаш веќе некое друго искуство (било да е во Винг Чун или било кој друг боречки систем) ти ќе можеш побрзо да ги разбереш принципите и побрзо да прогресираш, но само ако целосно се посветиш и вежбаш за да ги одвикнеш лошите навики што не работат за тебе и се адаптираш на ситуацијата.
Твојот прв бесплатен тренинг е полуприватен со мене и секој почнува од почеток, за да можам да проценам како се движи твоето тело, да ги идентификувам твоите природни предности (и недостатоци) и да откриеме што функционира лично за тебе.
Не е потребно искуство и не е потребно да имаш веќе искуство. Ти треба само искреност, упорност, и желба за учење.
(зборам од искуство и имам вежбано барем 4 различни боречки системи, и знам како е да вложиш доста време за да се одвикнеш од лоши навики што не функционираат лично за себе и да се прилагодиш за да бидеш самоодбрамбено практичен во било која ситуација)
Борбените спортови (ММА, бразилско џуџицу, кикбокс) те тренираат за натпреварување. Има правила, судии, тежински класи, рунди, време да се спремиш. Само еден противник, без оружје.
Додека традиционалните боречки вештини (карате, таеквондо, повеќето училишта за Винг Чун) тренираат кореографски движења или тренираат под перфектни (кооперативни) услови, но не се тестирани под вистински притисок.
Го користиме Т.А.О. Методот и принципите на Винг Чун бидејќи се креирани за хаос од близок контакт (и тесни простории) каде што не можеш да се потпреш само на големина, сила или брзина. Сè што учиме е тестирано под притисок против поголеми, посилни, побрзи, и понепредвидливи напаѓачи.
Да, но не можам да ти гарантирам. Сето ова највеќе зависи од тебе и колку ќе се вложиш, јас само ти помагам како да се спознаеш самиот себе и да дознаеш што ќе работи за тебе.
Моите тренинг и борбени принципи не се потпираат на сила, брзина или атлетизам (секако овие атрибути помагаат и се стремиме да ги развиеме). Тие се потпираат на таргетирање и удари во слаби точки кои не зависат од тоа колку страшен или развиен изгледа напаѓачот.
Јас лично не сум ниту најголемиот ниту најсилниот борец. Истото важи и за повеќето мои ученици. Затоа тренираме според принципи што функционираат без оглед на твојата големина, сила, или брзина.
Целта не е да ги елиминираш твоите ограничувања. Туку да ги разбереш, минимизираш, и да тренираш земајќи ги во предвид додека ги развиваш твоите предности.
Ќе бидеш функционален уште од првите 3 месеци (често уште од првиот месец).
Тоа не значи дека ќе станеш мајстор. Тоа значи дека ќе почнеш да ги разбираш борбените ТАО принципи бидејќи ќе ги вежбаш реалистично и непредвидливо.
Прогресот отприлика изгледа вака:
- 1–3 месеци: Функционален (можеш да се снајдеш и преживееш под притисок)
- 1–5 години: Инстинктивен (можеш да функционираш автоматски дури под и адреналин)
- 5+ години: Адаптабилен (можеш да импровизираш против сè, особено кога работите не одат по план)
^ Под услов да вежбаш барем 3 пати неделно по 90 минути (секако прогресот ќе биде уште побрз ако вежбаш дополнително самостојно).
Секогаш има исклучоци и на некој може да му треба повеќе време, а на некој друг помалку.
Бидејќи не е битно колку години вежбаш туку колку тотално време си вложил во тренингот во тие години.
Не. И тоа е со намера.
Твојата способност е поважна од било кој сертификат или појас. Сертификатите и појасите (исто и униформите) се само бизнис модел за да те задржат со тоа што ќе бркаш еден па друг појас (поточно бараш одобрение од тој што те учи бидејќи не знаеш како сам да си го дадеш). Никогаш во историјата на вистинските боречки вештини немало систем на појаси, и особено НЕ во Винг Чун системот.
Ние го мериме твојот напредок според тоа што твоето тело може да направи под притисок, а не според тоа колку часови си посетувал или колку пари си ми дал.
Ако ти е потребен појас за да се чувствуваш сигурно или исполнето, мојата школа не е за тебе. Ако сакаш вистинска способност што ти припаѓа лично на тебе бидејќи си се вложил и си тестирал, тогаш си добредојден кај мене.
Мојата школа е за сериозен тренинг за луѓе кои разбираат дека самозаштитата и самоодбраната не е хоби.
На секој што ќе го наруши фокусот (и дисциплината) на тренингот, ќе му биде убаво кажано да излезе од тренингот без разлика на возраста. И отпишан ако не научи од таа лекција.
Секако има исклучоци со тоа што некои „деца“ (под 14 години) знаат како да следат и да се вложат па им дозволувам да вежбаат со мене (особено ако се мета на малтретирање).
Условите остануваат исти…
Ќе тренираш заедно со зрели поединци кои ги делат твоите вредности на:
- Љубопитност
- Храброст
- Чесност
- Дисциплина
- Спремност
- Мудрост
Зависи од твоите цели.
За функционалност (1-3 месеци): минимум 1–2 пати неделно.
За инстинктивност (1–5 години): 2–3 пати неделно.
За адаптабилност (5+ години): најмногу што можеш да си дозволиш без да се повредиш.
Запамти:
Континуираните и квалитетните повторувања се поважни од тоа колку пати си повторил. Два фокусирани тренинзи неделно ќе те однесат подалеку од пет расеани тренизни низ повеќе месеци.
Да, спарингот е дел од тренингот. Но, не се работи за неконтролиран спаринг каде што лесно доаѓа до повреди.
Ретко правиме спаринг со целосен контакт (дури и кога имаш опрема и си „заштитен“) бидејќи егото лесно влага во игра и прашање е на време кога ќе дојде до повреда. Ние правиме прогресивен технички спаринг т.е. лесен до среден контакт, со контролиран интензитет и специфични цели. Со и без опрема.
Целосен контакт се прави по договор и желба на учениците (задолжително со опрема).
Целта е да се тестира она што го учиш за да знаеш дека функционира кога ќе си под стрес и за да научиш како да останеш емотивно смирен (дури и кога лачиш адреналин).
Ако никогаш не ги тестираш твоите вештини под притисок, тогаш тренираш само теорија… а не способност.
Го креваме интензитетот врз основа на твоето искуство. Нема да бидеш фрлен во спаринг уште првата недела за да видам „од што си направен“. Но, евентуално ќе бидеш потикнат да тестираш. Така се стекнува реална способност и самодоверба.
Супер, тогаш ќе знаеш дека не си за тука. И тоа е доста вредно да го знаеш.
Никому ништо ако не е за тебе (воопшто нема да ме навредиш). Подобро да дознаеш сега него ли да го губиме и моето и твоето време.
Затоа твојот прв тренинг е бесплатен. Дојди за да доживееш и да дознаеш. И поставувај искрени, директни прашања за да дојдеш поблиску до тоа што сакаш да го најдеш.
Не сè уште. Бидејќи не сакам да ги учам моите ученици како да настрадаат кога имаат можност да избегаат. И бидејќи јас сеуште сум во фаза на развивање на моите вештини со (и против) оружје.
Повеќето од моите ученици се почетници и не се спремни да почнат да ракуваат и да размислуваат за оружје против оружје.
Т.А.О. Методот е креиран за да те научи и за овој дел од реалноста.
Запамти: Ум > Тело > Оружје
Во Винг Чун системот има тренинг со оружја (долг стап и широки мечеви) за да развиеме емоционална стабилност, критичко размислување и адаптабилност. Сите овие атрибути се пренесуваат директно на вештините со празни раце (и обратно).
Кажи ми на време уште од првиот тренинг. Не ризикувај со твоето здравје.
Винг Чун е доста прилагодлив. Работиме со границите на твоето тело, а не против него. Ако имате стара повреда или ограничување, ќе го прилагодам твојот тренингот за да го максимизираме она што можеш да го направиш.
Имам тренирано ученици со проблеми со коленото, повреди на рамото и кои имаат некоја хронична болка (имам и јас… а сепак го имам прилагодено мојот тренинг).
Принципите функционираат без разлика (затоа не те учам само на специфични техники).
Твоето тело, ум, и битие е уникатно (ТАО-то те потсетува на тоа). Твојот тренинг треба да биде прилагоден на тој факт.
Не треба. Барем не сè уште.
Довербата се заслужува и не се дава или предава автоматски. Затоа го имам олеснето твојот пристап до мене.
Еве што можам да ти кажам: Тренирам повеќе од 16 години во повеќе системи (Винг Чун, борење, кикбокс). Го имам тестирано мојот Винг Чун против поголеми, посилни, непредвидливи и обучени борци пред да ја отворам ТАО школата. Напуштив Винг Чун линија која не можев да ја почитувам бидејќи не можев да бидам покорен на наратив и „авторитет“ кои не се вистинити. Го задржувам само тоа што работи под вистински притисок. Сè друго, индивидуално за секој што не работи, е отфрлено (или е зачувано. Бидејќи што не работело за мене, може да работи за тебе. И обратно).
Но, ова се само зборови на екран се додека не искусиш сам за себе.
Дојди, прашај, пробај, па одлучи.
Подобро е да почнеш да учиш еден ден порано отколку еден ден предоцна
Резервирај место за твојот прв бесплатен тренингили јави се директно на:




